Секоја есен кафената боја станува “новата” црна, но, тоа сите веќе го знаеме. Оваа есен во нашите ентериери влегува одредена нијанса на кафената боја, нијанса на мед.
Вазни
Мали и деликатни стаклени вазни во бојата на мед, се идеална есенска декорација на ентериерот во секој стан или куќа. Есенските вазни најчесто, дополнително се украсуваат со есенски гранки од дрвјата, како и со сезонско цвеќе.
Ќебиња
Во моментот кога ќе ги извадиме ќебињата и перниците, и тактички ги распоредиме на каучот и фотељите, знаеме, дека есента е пристигната. Оваа есен, украсете го својот дом и стоплете се со перничиња во мека и топла медова боја. Оваа боја додава релаксирана атмосфера во вашиот дом и совршено се прилагодува на околината, односно со мебелот и украсните детали.
Столици
Бојата на мед, оваа есен го краси и мебелот. Столици со тенки метални нозе се особено погодни за есенската атмосфера во домот. Можете да ги комбинирате со светла дрвена маса, бидејќи во таа комбинација го прават енетериерот на домот современ и модерен.