Една од најатрактивните бои за оваа есен е таканаречената бургунди нијанса.
За денешниот стил, ја избравме меката и удобна блуза на модниот брен Манго токму во оваа боја, со детали од крзно. Во комбинација со ова парче, можете да носите спортска, но исто така и елегантна облека. Блузата со крзно ќе изгледа убаво во комбинација со спортски панталони, деловни молив здолништа или класични фармерки.
Ние го избравме молив здолништето со миди должината во префинета потокалова боја. Оваа боја е вистинска есенска и е идеална за креирање на модерен и трендовски autofit.
Здолништето и огромениот крзнен џемпер се комбинација од брендот Mango, со најсовремени чизми на сезоната во форма на чорапи. Покрај необичниот дизајн, чизмите доаѓаат во впечатлива пурпурна боја која ја разбива монотонијата на есенските тонови.