Само што помисливме дека чизмите-чорапи станаа новите обувки во светот, шпанската компанија Манго направи уште еден хит. И да, тие се бели!
Во последниве неколку месеци се водеше вистинска борба, кога станува збор за белите чевли. Најпрво беа навредувани и на листата на поединци без вкус, а сега модните блогерки ги завршуваат своите најкласични комбинации на облека со бели чевли.
Манго избра чист и “незагаден” тон, кој како дел од силуетата на чизмите претставува блиска врска со ретро-трендот, кој владее во колекциите за за есен / зима 2017/2018.
1960-тите, ни тропнаат на врата благодарение на ретро-футуризмот што го наоѓаме во сите продавници, па така и со белите чизми на Манго.