Една нова студија, објавена во Journal of the European Journal of Nutrition, покажа дека црниот чај може да помогне при губење на килограмите.
Истражувачите откриле дека полифенолите од црниот чај го стимулираат растот на добрите цревни бактерии и го стимулираат формирањето на масните киселини со кратки ланци, што пак го забрзува метаболизмот. Резултатот од пиењето црн чај го забрзува согорувањето на калориите и губењето килограми.
Покрај тоа, се покажало дека црниот чај го намалува бројот на бактерии кои се одговорни за дебелината, но истовремено овозможува добрите бактерии да се размножуваат во здрава количина.
Исто така, црниот чај ја спречува таканаречената синтеза на масни киселини која ги претвора јаглехидратите во масти.