Обоениот гел за веѓи “Brow Filler“од Artdeco ќе, стане ваш омилен, веднаш штом ќе го пробате. Важна карактеристика е тоа што гелот содржи фини влакна кои ги исполнуваат веѓите и ги покриваат местата каде природно немаме влакна, односно празнина на веѓите. Со мини четката што изгледа како типична четка за маскара, гелот лесно и прецизно се нанесува, без размачкување. Во исто време, ви дава можност да ги чешлате веѓите во посакуваната форма.
Гелот е достапен во пет нијанси, што значи да се најде вистинскиот за вас, нема да биде проблем.