Дали сте слушнале за натпреварот Fearless Awards?
Сајтот кој е посветен да ги слави најдобрите свадбени фотографи во светот ги сподели најдобрите свадбени фотографии за 2017. Треба барем два пати да се размисли кому да се сподели одговорноста за документирање на еден од најважните денови во Вашиот живот, па при изборот секогаш барајте спонтаност и креативност. После овие фотографии ветуваме дека повнимателно ќе го опсервирате портфолиото на фотографот во чии раце ќе ја ставите Вашата свадба.