Книгите попознати како coffee-table books – книги на масичка за кафе, од почетокот на новното постоење од 16 век, се непрестајна инспирација за нивните сопственици и најубавото дополнување на секоја мала маса во домот. Со голем формат, тврди корици и со најквалитетни фотографии кои омпресионираат. Поучните и интересни текстови ќе ве развеселат секогаш кога ќе ги земете во рака.
Кусама
Кусама е сеопфатна колекција од најпознатите дела на јапонската уметница Јајој Кусама, како и никогаш претходно видени скици и фотографии. Кусама блиску соработуваше со уредниците и соработниците кои ја креираа оваа книга со тврди корици, обезбедувајќи целосен поглед, длабочина и влијание на нејзината успешна 60-годишна кариера.
Fashion Designers A-Z
Од Azzedine Alaïe до Yves Saint Laurent, книгата на модни дизајнери од A до Z го слави векот на икони и облека, кои ја претставуваат својата филозофија и естетика. Оваа книга со тврди корици е полна со страници на прекрасни фотографии од над 500 модели на облека, изложени во постојаната поставка во Fashion Institute of Technology во Њујорк. Таа веќе само по себе е вистинско уметничко дело.
The Light of New York
Наградуваниот фотограф Jean-Michel Berts го снимил градот кој никогаш не спие, во моменти на среќа и целосен мир. Најзначајните места со прекрасни глетки на Њујорк, се наоѓаат во оваа книга како никогаш порано, бидејќи зградите, мостовите, целосно напуштените улици, дрвјата и празни скали, заземаат поетска и вечна позиција.