Откривме некои сосема нови места за кои никогаш не сме слушнале.
Некои од овие места се толку мали што едноставно е неверојатно да помислите дека такви мали земји можат да функционираат. Тие се толку мали што и градовите се поголеми од нив.
1. Палау
Палау се наоѓа на територија од 460 квадратни километри и има население од 21,347 жители. Ова е островска земја и се состои од 300 мали острови. Ова е едно од најневеројатните места на планетата, каде што можат да се видат над 130 ретки видови животни и растенија кои не постојат никаде на друго место во светот.
2. Ниуе
Ниуе се наоѓа на територија од 260 квадратни километри и има население од 1.190 луѓе. Да, добро прочитавте. Само 1000 луѓе живеат во овој град кој се наоѓа во Океанија. И покрај прекрасните пејзажи, поглед и природа, туризмот не е популарен овде. Поради ова, оваа земја зависи од другите земји, а Нов Зеланд најмногу помага во таа мисија. Ниуе има свој аеродром и само еден супермаркет.
3. Сеинт Китис и Невис
Оваа земја се состои од два острови, Китис и Нетис, а зафаќа површина од 261 квадратни километри. Ова е земја која ви нуди можност да се занимавате со вашиот бизнис. За 250.000 долари можете да купите мини фабрика и парцела и да започнете да произведувате шеќер.
4. Хат Ривер
Ова е место во Австралија кое има статус на држава, а има само 30 жители и површина од само 70 квадратни километри. Иако оваа земја не е признаена од другите земји во светот, сепак има свои поштенски марки и пасоши.
5. Тувалу
Тувалу е една од најмалите и најсиромашните земји во светот. Таа има површина од 26 квадратни километри и има околу 11.000 луѓе на неа.
6. Науру
Науру е најмалата независна република и најмалата остовска држава на нашата планета. Зафаќа површина од 21 квадратни километри и обезбедува дом за 10.000 луѓе. Иако оваа земја е преубава, туризмот не е добро развиен, а ова е и земјата со најголем процент на дебели луѓе. 70% од населението се дебели.