Првиот целосно функционален песочен хотел во светот е вистинска мека за сите светски патници со ранци на грбот или пак за оние, кои сакаат малку поинаква авантура.
Хостел изграден од 24 тони песок, отворен е на плажата Курава во австралискиот град Голд Коуст.
Дизајнот на хостелот е инспириран од Војна на ѕвездите и потсетува на куќата на Лук Скајвокер на планетата Татуин. Во хостелот ќе се сместат до 10 среќни луѓе, бидејќи е концепиран по принцип на една спална од 8 легла и една приватна просторија за две лица.
Во понудата има комплетно опремен бар, одбојка на плажа и кауч формиран во песок. Хостелот исто така ќе биде основа за голем број активности отворени за јавноста, вклучувајќи работилница за правење скулптури на песок и јога на плажа.
Концептот на хотелот е развиен од Creative Agency Lively Worldwide, заедно со дизајнерот Џејсон Даудинг, познат по својата работа на легендарниот филм “Лудиот Макс” на Џорџ Милер, како и на филмот “Сината лагуна” од 1980 година, во кој глумат Брук Шилдс и Кристофер Аткинс, двајца адолесценти насукани на пуст песочен остров.