Јапонскиот уметник и дизајнер Токјуин Јошиока соработуваше со познатиот бренд Dom Perignon за да создаде две шишиња со ограничено издание …
Јошиока е познат по своите уметнички инсталации, кои најчесто се игра со светлина, прекршување на светлината и рефлексии. Шишињата што тој ги создаде беа дефинитивно во согласност со неговата призматична тема.
Тие се претставени во кутија изработена од кристалот Бакарат, кој се рефлектира и ја пробива светлината, давајќи им на шишиња многу уникатен изглед.
Етикетите се изработени од холографски материјал, и овој детал, исто така, во голема мера му помага на овој производ да ни го привлече вниманието. Можете и самите да забележите дека долго време било работено на изгледот на самата кутија, во која се наоѓа Dom Pérignon Vintage 2009.
Оваа едиција на ограничено издание е достапна за купување во Јапонија во текот на овој месец.