Изгледа дека модата од 90-тите години нa минатиот век се враќа на сцената, буквално во сите трендови.
Младите супермодели и ѕвезди на Instagram секојдневно ни го покажуваат ова, од облеката, во која се од глава до пети во фармерки или спортски тренерки кои се комбинираат со високи потпетици.
Судејќи според фотографиите, следното големо нешто што ни се враќа како моден бумеранг од деведесеттите години, е трендот на мали рамки за очила. Ако не се сеќавате, овие очила за сонце беа задолжителен моден детал на 90-тите години. Иако со години на модната сцена доминираше трендот на преголеми рамки, малите рамки се закануваат да ја загрозат популарноста на големемите, ала Џеки Онизис рамки..