Кој вели дека венчаницата мора да биде бела?
Јапонската компанија Kuraudia Co. неодамна соработуваше со Walt Disney Japan Co. за да создаде убава колекција на венчаници инспирирани од принцези. Дизајнот на фустаните е инспириран од шестте различни принцези: Бел, Пепелашка, Ариел, Рапунзел, Аурора и Снежана.
Некои фустани навистина изгледаат како токму сега да излегле од филмот, додека на другите, јасно се гледа инспирација.
Фустаните ќе бидат достапни за изнајмување од 1 ноември, но за жал, досега само во Јапонија.