HOMI … динамично патување низ lifestyle трендовите, уникатно шопинг искуство на иднината, можност за бизнис и шанса на изложувачите и клиентите да се состанат на едно место – во Милано, Италијанскиот центар на модата.
Овој иновативен саемски формат е инкубатор на трендовите во областите на кои се однесува – домашни предмети и текстил, кујнски додатоци, бижутерија и модни додатоци, а организаторите постојано се впуштаат во нови предизвици со фокус на најновите светски трендови и обичаи во светот.
Едно е сигурно, саемот HOMI со секое ново издание е поголем и подобар и ги отвора вратите за еден револуционерен пристап кој генерира концепт на живот “Made in Italy”.