Погледнете кои се најголемите есенски 2017 трендови, за внатрешна декорација и изберете го вашиот омилен!
Сомот
Како што овој материјал успеа да “проникне” во модниот свет, истото се случи и со ентериерот. Со помош на овој топол луксузен материјал, можете целосно да го промените изгледот на мебелот или да го акцентирате со помали детали како перници.
Висечки декор
Иако ова не е ништо ново, вреди да се спомене. Секоја декорација што виси, без разлика дали тоа е интересно мото на ѕидот, слики или забавни мотиви на таванот, сигурно ќе им даде на вашите простории забавна и младешка атмосфера.
Пудрести нијанси
Не очекувајте пудрестата нијанса (како “милениумската”розева) да отиде во заборав во блиска иднина. Сепак, една работа ќе се промени: боите со кои се вклопува. Со нежната, пудреста нијанса оваа есен избираме бакар, сина и зелено-сина боја, што ќе додаде посебна нота за секој ентериер.
Модерни свеќници
Инвестирајте во неколку модерни свеќници, како овие од сликата и додадете во вашиот дом романтична атмосфера. Без разлика дали сте во љубовна врска или не, сигурно ќе уживате во смирената светлина и амбиентот кој свеќите го создаваат. Миризливи свеќи исто така не се лош избор, додатно ќе го разубават просторот.
Зеленило
Луѓето се повеќе ги заменуваат традиционалните есенски бои со природните, со зеленило и растенија кои на посебниот начин го декорираат просторот во кој се наоѓаат.
Покривки со интересен дизајн
Додадете и на вашата спална соба или дневна соба покривач со интересен, геометриски дизајн. Изберете некои во неутрални бои кои совршено ќе се вклопат во секој ентериер.