Креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле, создаде невообичаен фустан за ”The Gate”, новиот музички спот на Бјорк.
Пејачката Бјорк објави музичко видео за нејзиниот нов сингл “The Gate”. Во спотот, Бјорк носи фустан дизајниран од креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле. Според него, потребни биле 870 часа за изработка на фустанот: 550 за самиот фустан и уште 320 за везот. Тоа е работа од 36 дена….За споредба, потребни беа 50 лица кои работеа цела недела (околу 160 часа) за да го изработат фустанот кој го облече Бијонсе на Греми оваа година. Погледнете го фустанот на Гучи за Бјорк, како и видеото за ”The Gate” подолу.