Губењето на килограмите не е лесна задача, верувајте ни, знаеме. Но, она што го направија уште потешко или што во најмала рака не обесхрабрува, се вообичаени заблуди за губење на тежината и разни диети. Науката ги победи овие митови и еве што таа кажува за губењето на тежината.
Мит # 1 Невозможно е да се изгуби тежината
Тешко е, секој што тоа го пробал барем еднаш е свесен за тоа, но тоа не е невозможно. Ако јадете здраво и консумирате помалку калории отколку што трошите, килограмите порано или подоцна исчезнуваат. Затоа, исхраната и физичката активност се клучни за губење на тежината.
Мит # 2 Сите калории се исти
Па, да и не. Ако сакате да ја изгубите тежината, морате да внимавате на калориите, тоа е многу важно. Но, експертите се согласуваат дека е подобро да внесете повеќе калории со бадеми, на пример, отколку да пиете диетална Кока-Кола.
Диета дневникот е корисен начин за луѓето да добијат увид во она што тие го јадат, низ на калории кои ќе ги внесете во текот на денот, без и да ги забележите. Диета дневникот е корисен за секого, не само за луѓето кои сакаат да изгубат на тежина, па така можете да препознаете каде се потребни промените во вашата исхрана.
Мит # 3 Мора да изгубите многу килограми за да ги забележите здравствените промени.
Истражувањата покажаа дека веќе од 10% од губењето на тежината, прават промени на крвниот притисок и на нивото на шеќер.
Мит # 4 ..постои само една ефикасна диета
Луѓето губат телесната тежина со користење на различни методи и различни диети. Повеќето жени и мажи велат дека морале да пробаат повеќе од една диета како би ја намалиле телесната тежина и одржале телесната тежина.
Мит# 5 Американците страдаат од дебелина бидејќи премногу јадат
Тоа не е единствената причина. Експертите за дебелина тврдат дека постојат неколку фактори кои влијаат на епидемијата на дебелина во Америка. Висококалоричната храна и пијалоци станаа сеприсутниот дел од американската исхрана, а Американците седат многу, зголемувајќи го ризикот од дебелина и дијабетес.
Мит # 6 Мора да го ифрлите алкохолот за да изгубите на тежината
Вистина е дека конзумирањето алкохол носи многу калории, но како и обично, умереноста е клучот за сè. Ако не пиете секој ден, тоа значи дека не внесувате еден куп калории на алкохол на дневна основа.