Чешкиот уметник Alphonse Mucha кој е познат по изработката на декоративните artdeco постери со својот богат опус успеал да го промени до тогашниот ригиден став кој владеел во светот на високата уметност. Со појавата на литографијата и печатењето било овозможено уметничките дела да бидат подостапни до пошироката публика.
Овие промени кои се појавиле во уметноста, се поклопуваат со тогашните друштвени превирања, а биле општо прифатени во општеството на скоро сите нивоа.
Mucha е роден на 24 јули 1860 година во Иванчице, Моравија(тогашното австриско царство). Автор е на голем број на илустрации, слики, релками, разгледници и други ликовни решенија. Во 1887 год тој се сели во француската престолнина каде ги продолжува своте студии на престижните универзитети Жилијан и Колароси. Неколку години подоцна ја запознава познатата актерка Сара Бернард со која веднаш се договара за нивна понатамошна соработка која ќе трае цели шест години, и која ќе им донесе и на двајцата уметници голема популарност. Плакатите за претставите “Гизмонда”, “Медеа” и “Дамата со камелиии” го прославиле авторот и вон европскиот континент.
Доминацијата на женските фигури е главниот елемент во делата на Mucha. Интересно е да се спомене дека сликарот во текот на своето творење покрај сликањето се интересирал многи и за мистицизмот и спиритуализмот кој пак доминирал со париското високо друштво кон крајот на 19 век. За време на сликањето на своите модели тој користел посебен вид на духовна музика која им помагала на истите во изборот на позите и покретите. Со ова сакал да ја покаже поврзаноста на музичките и ликовните елементни и колку всушност визуелната форма може да биде попривлечна за сетилата кога е пропратена со одредени музички звуци.










