Дали сте сигурни дека ги знаете сите правила на однесување во друштво? Можеби можеме да ве изненадиме.
Проверете и освежете го своето знаење. Впрочем, етиката е показател за вистинска дама.
Супа во ресторан
За да завршите до крај со јадење супа во ресторан, ја навалувате чинијата. И ова се смета за страшно незнаење. Затоа, дури и ако супата е неверојатно вкусна, јадете само толку, додека можете да ја дофатите супата со лажица. Нема потреба да ја навалувате чинијата на било која страна.
Не реагирајте на кивање
Ако некој кива, природно е сите да кажат: “На здравје”. Сепак, ваквото однесување е дозволено само за кругот на блиски пријатели и семејства. Ако сте на некој прием или во ресторан, лицето кое кива треба да се игнорира, како да тоа не сте го забележите.
Стаклото се загрева
Виното најчесто се служи малку разладено и на собна температура. Ако ја држите чашата за делот каде што се наоѓа виното, брзо ќе се загрее. Чашата со вино секогаш се држи за т.н. “нога”, така виното нема да се загрева.
Дијамантите се за вечер
Во текот на денот носењето накит со дијаманти се смета за лош вкус. Исклучок е невестинскиот прстен.
Затворено мени
Келнерот во ресторанот, по правило, треба да дојде кога ќе го затворите манито. Тоа значи дека сте го прочитале и сте подготвени да нарачате. Ако менито на масата е отворено, тоа значи дека сеуште не знаете што да нарачате и келнерот може да се чувствува непријатно ако претходно доаѓа.
Забава во чевли
Ако сте поканети на официјална забава која вклучува вечерен фустан, таков настан бара чевли со затворен врв и висока пета.