Ова лето бевме сведоци на плетените торби и кошници, кои ги наполнија улиците и продавниците, а сега следи продолжение во форма на jelly торби.
Jelly торбите се инспирирани од пластични цекери за на пазар, кои ги имало на времето во медитеранските земји, кога повеќето од нас се уште сме биле во градинка или само што сме тргнале на училиште.
За разлика од старите торби од тврдата и неудобна пластика, овие нови торби се направени од гумен материјал кој совршено се прилагодува на раката.
Секоја светска модна блогерка има по една од овие чанти во својот гардеробер.
Кога станува збор за бои, гумените торби доаѓаат скоро во сите бои што можете да ги замислите. Сепак, ја препорачуваме црвената, која веќе ја истакнаа како нова хит есенска боја.