Carrera Cafe во Лос Ангелес е шармантно европско кафуле со стил, кое служи кафе, вкусни салати и сендвичи. Сите кафиња се базирани на еспресо, а интересно е што на ова место, украсувањето на пената во шоља кафе е необично.
Поголемиот дел од нас, утрото го започнува со кафе, а ние веќе се навикнавме на декорирани и убави шољички со кафе, каде што на врвот од пената се наоѓа цвет или срце.
Carrera Cafe воведе ново ниво на кафе декорација и сега можете вашата прва голтка кафе да ја испиете со Рајан Гослинг или можеби со интересен натпис како ”Life is tough my darling, but so are you”.