Кога зборуваме за модата, некои земји се едноставно обележја на совршена модна сцена …
Се разбира, Италија е една од водечките. Постојат многу модни брендови од Италија, кои често се во центарот на нашето внимание. Една од нив е и брендот на Elisabetta Franchi, кој сега ни ја претставува својата нова кампања.
Овој пат модниот бренд ги канализираше стилови на четириесеттите години од минатиот век, за претстојната студена сезона. Тие се инспирирани од ретро Париз, а фотографот Елен Фон Унверт ги сними моделите Емили ДиДонато и Фрида Арсен, кои идеално се вклопуваат во целата приказна.
Женствените силуети кои ни се нудат, вклучуваат тесни фустани, со крзно украсени фустани и панталони со широки ногавици, кои се непобитен шик. Стилистката на снимањето е Симоне Гвидарели, додека Александра Коста се грижеше за косата, а шминката е дело на Вилијам Бартел.