Во третото продолжение на глобално популарната трилогија Fifty Shades Freed, Анастасија Стил (Дакота Џонсон) станува г-ѓа Греј во прекрасен фустан, а таа и Кристијан Греј (Џејми Дорнан) заминуваат на брачно патување.
По разменувањето на брачните завети, овој пар оди во Европа каде што ќе го продолжат својот BSDM однос. Идилата нема да трае долго, а можеби ќе дознаеме повеќе од трејлерот што излегува во ноември.
Филмот во кината ќе дојде на Денот на вљубените, 14 февруари 2018 година.