Колекцијата на Каролина Херера за сезоната пролет / лето 2018 е претставена во Музејот на современа уметност во Њујорк.
Каролина Херера јасно стави до знаење дека не создава облека инспирирана од уметничките дела: “Јас нема да создадам фустан кој е базиран на слика, туку само на бои. Имам многу млади клиенти, имам мали ќерки и знам што тие сакаат”, заклучи Херера.
Навистина видовме многу бои – нијанси на лаванда, шафран, сицилијанска портокалова, виолетова и сина. Облеката е направена од шифон, памук и тексас, а е совршена за долгите летни викенди во Мајами.
Презентираната колекција за летната сезона е крајно женствена. “Јас презентирав широки раменици, чевли и креирани здолништа кои овозможуваат многу движење”, дизајнерката вака ја опиша својата колекцијата. Инаку, чевлите за ревијата се создадени во соработка со Маноло Бланик.