Кендал Џенер, Џиџи и Бела Хадид веќе ги носат!
Едно е сигурно – оваа есен, белите чизми се вратени во мода!
Оваа сезона, белите чизми се „must have“. Летото ни ги донесе белите сандали и салонки, а есенската сезоната ни носи бели чизми од кожа до глужд, со остар врв и средна височина на петицата. Така барем велат модерните девојки од Холивуд!
Ако мислите дека е тешко да се избере вистинската облека со бели чизми – опуштете се!
Познатите девојки како што се Кендал Џенер, Џиџи и Бела Хадид, покажуваат дека белите чизми лесно може да се комбинираат со било која облека – од фармерки до вечерни фустани.
Важно е чизмите да бидат со остар врв, а петицата може да биде средна или висока, во зависност од вашите желби!
Погледнете некоклку комбинации на познатите дами , кои ќе ви помогнат како да ги стилизирате белите чизми оваа есен.