Таа е дефинитивно најбараната девојка во модната индустрија! Џиџи Хадид не затанува, и скоро нема голема модна кампања за некој луксузен бренд во кој таа не се појави или нејзината сестра Бела.
Токму сега го прошири своето модно портфолио со кампањата за уште еден познат бренд – Мисони. Италијанската модна куќа ја ангажираше убавата моделка како носител на кампањата за есен 2017 година.
Судејќи според фотографиите, стилот Мисони совршено се вклопува во личниот стил на младата моделка. Колекцијата е со живописни бои и шик-комбинации со карактеристичната шара на Мисони.
Џиџи, исто така, носи обувки со потпис Мисони на фотографиите. Анџела Мисони и останатиот тим, на снимањето се грижеа манекенката да изгледа што е можно поприродно, така да Џиџи е минимално нашминкана, за облеката на престижниот бренд да дојде во прв план.