На Модната недела во Њујорк, колекција за пролет / лето 2018, беше претставена и од модната куќа на Jason Wu.
Колекцијата за летната сезона 2018, е олицетворение на леснотија и релаксација. Креативниот директор на брендот, покажа дека кроевите не се премногу деконструирани, а фустаните премногу елегантни.
На ревијата видовме облека со асиметричнен крој и голи рамења, како и свилени ткаенини од кои се изработени мантилите, коктел и “грчките” фустани. Дизајнерот успеа да најде место и за својот омилен сив фустан со ленти, кој е надополнет со елегантна јакна. Свилените палта, пругастите фустани, панталони и блузи со V-изрез, привлекоа најголемо внимание на неодамна презентираната модна ревија.
Колекцијата на Jason Wu пролет / лето 2018 година, изгледа како да покажува дека секое парче ќе се вклопи совршено во вашата пролетна гардероба. Меките розови ткаенини, пругите, цветниот принт и транспарентните детали – сето тоа најдобро ја илустрира пролетната и летната сезона.
Дизајнерот не го менува својот стил и модните парчиња ги комбинира со чевли со остар врв.