Пентхаусот се протега на трите највисоки катови на овој ексклузивен станбен комплекс и е ставен на продажба по цена од 39 милиони долари. А новите сопственици на овој луксузен дом, ќе добијат подарок за вселување, ако одлучат да го купат.
Тие ќе добијат ултра-редок розов дијамант во вредност од половина милион долари, кој изгледа како вистински шлаг на тортата. Дизајниран и комплетно опремен од страна на AD100 на дизајнерот Чарлс Алем, овој луксузен дом од 1.700 м2 нуди шест спални соби, вклучувајќи и две спални со вградени барови.
Може лесно да се дојде до секој кат од овој пентхаус со помош на приватен стаклен лифт, вклучувајќи го и покривот кој е опремен со бар и каскаден водопад со прекрасен базен. Среќните сопственици на овој пентхаус ќе можат да уживаат во главната спална соба од 150 м2, во прекрасните детали на Калкута златниот камин и во hi-tech паметните системи – а исто така има и сауна, хидротерапија, џакузи и грејачи за пешкири.
Тука се и лебдечките скали од камен, како и лустерот со повеќе од 225 сјајни стаклени украси. Станот има има и винарска визба со илјада шишиња. Вреди да се спомене и просторот за играње од 110 м2, како и домашно кино со совршено тапацирани седишта.