Дали сеуште чувате маици стари по неколку години, испрани, кои повеќе не се за носење надвор од дома?
Ако вашиот одговор е да, ние ви нудиме неколку идеи кои ќе ви помогнат да им дадете на своите стари маици нова намена. Секој од нас тешко се отуѓува од некои стари работи, бидејќи тие не се само облека, туку носат спомени и убави сеќавања, за моменти или за луѓе кои не сакаме да ги заборавиме. И покрај сето ова, поради постојаното купување на нови работи, веројатно дојдовте во ситуација да во вашиот гардеробер немате доволно место за сите овие работи.
Бидејќи маиците се стари, избледени и веројатно искинати понекаде, не можете да ги донирате или дарувате, но можете да направите многу интересни и корисни работи од нив. Еве неколку примери:
Од стари маички можете да направите покривач или навлака за јорган. Исечете ја средината на предната страна на маичките и поставете ги на ткаенина што ќе го претставува дното на вашата прекривка. Потоа сошијте ги со рака или со машина – и тоа е тоа. На овој начин, вашите мајци ќе бидат со вас уште долго време.
Можете да направите куќичка за вашето маче.
Можете исто така да направите ленти за коса.
Можете да направите мала патека за вашата бања, така што старите маици ќе ги исечете на тенки ленти и потоа ќе ги сплетете.
Можете да најдете безброј идеи на Интернет, а ние ви претставивме само некои од нив.