Нов голем тренд на свадбите: торти украсени со “водени бои”!
На свадбата покрај фустанот, организацијата, музиката и просторот, важна е и свадбената торта.
Можете да најдете уникатни свадбени идеи насекаде на интернет. Од инспирација за уредување на просторот за забава, до украсување на столици и сами да направите покани – секоја идеја изгледа фантастично. Меѓутоа, кога станува збор за торта, многу двојки се во дилема каква да нарачаат, а да биде единствена и сосема различна од традиционалните што често ги среќаваме на свадбите.
Најчесто тортите се состојат од неколку ката, со фигури на младенци на врвот, декоративни рози и блескав фондан. Но, дали некогаш сте размислувале за торта која е украсена со различни бои? Да, ова е новиот тренд во свадбениот свет. Тоа се торти на еден или повеќе спратови што личат на истурени водени бои. Тие прават тортата да изгледа елегантно, не премногу украсено и гламурозно – исто како што сака и секоја млада жена. Покрај раскошните бои, можете исто така да изберете торта со слики на пејзажи, омилени животни или симбол кој е многу важен за вас и вашиот партнер.