Сместен на шармантна хациенда од седумнаесеттиот век, на патот кон Мачу Пикчу, неверојатниот хотел Aranwa Sacred Valley ќе ве импресионира на прв поглед …
Овој хотел ќе ве воодушеви на многу начини – нуди извонреден поглед кон Андите, луксузно сместување и услуга од светска класа, прекрасен базен, спа центар со алтернативни третмани, прекрасен ресторан и музеј!
Овој хотел е уникатна комбинација на прекрасен колонијален стил и модерен луксуз од пет ѕвездички. Хотелот Aranwa Sacred Valley ќе ви понуди пространи соби и апартмани со џакузи, огромни кревети, голем LCD телевизор и други луксузни удобности.
По зајдисонце, постојат три различни опции за вечера, кои вклучуваат прекрасна фузија на јапонска и перуанска кујна, органски производи и шеф мени, додека импресивната колекција на вино ќе ве придружува во тоа што ке го одберете.
Хотелот има шармантен спа центар кој ќе ве импресионира со својот спектар на услуги, масажи и третмани, каде се користат природни производи и традиционални терапии.