Хотелот The Pennisula Hong Kong, се здружи со брендот за накит Van Cleef и во нивната понуда е вклучен попладневниот чај со темата на овој луксузен бренд …
Летното мени е инспирирано од мотивите на природата кои можат да се најдат во класичните модели на оваа дизајнерска куќа. Замислете го вашиот омилен цветен Ван Клиф накит во форма на чајно пециво – звучи рајски, нели? Оваа понуда, наречена The Afternoon Tea service е прослава на соработката меѓу хотелот и јувелирскиот синџир.
Секое парче на храна укажува на одредени парчиња накит од Van Cleef & Arpels, незаборавната колекција.
За љубителите на солената храна, на менито се наоѓа и салатата Niçoise , пушен лосос, маринирана краставица на бел леб, како и уникатното јадење на овој хотел – свежо печенi колачи со органски џем од јагода и крем. Како спомен, гостите ќе можат да си понeсат со себе бележници, iнспирирани од колекцијата на накит Frivole.