Некогашен кралски дворец и место каде Леонардо да Винчи го завршил својот животен век …
Лоциран на реката Лоара, во централна Франција, градот Амбоаз можеби нема луксузна површина, но неговата историја е несомнено богата.
Дворецот Амбоаз е значајно туристичко, но исто така и политичко место. Бил омилена кралска резиденција на неколку француски кралеви, од Louis IX до Fransoa I, коj во неговото реновирање инвестирал голема суми пари. Најпознатиот кралски гостин бил Леонардо да Винчи, кој се преселил од Ватикан во 1515 и работел во блискиот замок Klo Lise. Неговото најпознато дело Мона Лиза, било донесено во одаите на уметникот, заедно со другиот багаж.
Овие два замока се поврзани со серија подземни тунели, оправдувајќи го мистицизмот на средновековните палати. Во параклисот на st. Hubert и денес, можен е пристап до гробницата на овој ренесансен гениј.
Недалеку од самиот замок е центарот на градот Амбоаз. Со екстремно тесни улици, градот е полн со колоритни цвеќиња. Во околните француски бистроа можете да направите пауза од турнејата и да уживате во кафето со неизбежните француски пецива.
Само на 18 километри од центарот на градот е замокот Château de Chenonceau, кој е најубавата градба на реката Лоара. Целиот замок се потпира на масивни столбови, создавајќи ја илузијата дека овој замок лебди над водата.
Неговата историја ја одбележале и неколку француски кралици и затоа се нарекува “Дамски замок”. Освен Château de Versailles, Château de Chenonceau е најпосетуваниот замок во Франција.
Градини и лавиринти како од бајките го красат дворецот Виландри, наследството од семејството Карваљо. Бескрајната ренесансна зелена површина ќе го привлече вашето внимание се додека не го истражите секој нејзин центиметар.
И, кој знае – може токму тука да го сретнете вашиот принц на бел коњ.