Италијанската модна куќа Фенди ги ангажираше двете најбарани моделки на денешнината, за нејзината нова есенско – зимска кампања …
Звездите на модни ревии, социјалните медиуми и бројните модни кампањи, инспирацијата на многу дизајнери и на млади девојки, Кендал Џенер и Џиџи Хадид, се најдоа во водечки улоги на најновата кампања на Фенди, која ја снимаше Карл Лагерфелд.
Новата сезона го слави логото на Fendi, поставено наспроти белата позадина. Шарено крзно, проsирни и меки фустани како и луксузни плетени парчиња, совршено се сјаат во новата кампања.
Елегантните торби и лакираните чизми исто така се истакнуваат и го мамат нашето внимание, уште еднаш, наведувајќи не дека сакаме зимата да пристигне веднаш!