Венчаници за плажа!
Доминираат полесни материјали – шифонот го завзема централното место. Овие свадби се помалку неформални и младите луѓе се осмелуваат да ги испробаат невообичаените кроеви, па затоа се одлучуваат за кроп топови, здолништа или комбинезони. При изборот на материјалите и кројот, важно е да се напомене дека температурите се повисоки и дека полесните модели се пожелни, а фустаните со долг шлеп, најверојатно нема да изгледаат добро заглавени во песокот.
Бидејќи свадбите во близина на море се актуелни во текот на целата година, ви ги претставуваме новитети за претстојната есен.