Најочекуваниот музички момент во текот на MTV VMA беше премиерата на новиот спот на Taylor Swift.
Во видеото има елементи кои покрај тоа што го прават спотот раскошен, го прават и интересен и како да испраќа пораки. Спотот започнува на гробишта, а на еден од гробовите има натпис Nils Sjoberg, псевдоним кој Тејлор Свифт кој го користеше кога заедно со Калвин Харис го напишаа хитот „This Is What You Came For“.
Сцената во која ужива во када полна со драгоцен накит, потсетува на ситуацијата во која медиумите ја опишаа како некој што постојано седи во својата куќа во када, полна со бисери и плаче. Во истата када, меѓу скапоцените камења, се крие една новчаница од 1 долар. Дали ова се однесува на неодамнешниот судски случај во кој го тужи Ентони Муберт за $ 1 откако сексуално ја вознемири?
Ако го погледнете видеото „Look What You Made Me Do“, ние сме сигурни дека ќе забележите уште некои детали кои имаат врска со нејзината кариера и приватниот живот, полн со жолти страници.