Дали сте во потрага за совршена трансформација на вашиот дом во еден современ ентериер? Можеби токму од таа причина, ќе ве инспирира овој фантастичен ентериер во Њујорк.
Станот е дизајниран со вкус, но непретенциозно. Иако постојат различни аспекти на дизајнот инкорпорирани во овој простор, можеме да речеме дека тој ни малку не губи на својот “Уау” фактор.
Дали знаете дека постои начин да внесете живот во вашиот дом без оглед колку сте ограничени во просторот? Овој дом е совршена идеја за мали станови во кои е потребно да се внесе живот.
Светлите бои кои се користат тука, намерно се користени за да влезе што повеќе светло во домот. Светлите бои, посебно белата боја, визуелно го прават просторот поголем. Ова е тактика која дизајнерите на ентериерите ја користат за “отворање” на малите ентериери.
Белата боја се користи на сите клучни предмети, како што се мебелот, тепихот, постелнината и ѕидовите. Со внесувањето на сивите и златни аксесоари, а на ѕидовите двете нијанси на сивата боја, гледаме дека се заедно одлично се надополнува. Каучот е во сива боја и одлично се вклопува со современата подна лампа која се наоѓа покрај него. Ваквото позиционирање, го прави ова место посебно и идеално за читање на книги.
Ако внимателно ги разгледувате фотографиите, ќе забележите додаток во вид на зелена боја. Растенијата се пожелни за да ја “оживеат” секоја просторија. Тие се добредојдени во секој простор за разбивање на монотонијата.
Иако овој ентериер е доминантно современ, можеме слободно да кажеме дека поседува и едно рустично чувство, благодарение на некои стари предмети кои имаат декоративна, но и функционална намена.