Само-мотивацијата е вештина која ни овозможува да го направиме тоа што е потребно без помош и влијание на другите.
Луѓето кои сами се мотивираат, успешно го завршуваат тоа што го наумиле, без оглед на тешките околности и без разлика дали имаат охрабрување од страна. Самите на себе си, сме си единствениот тренер кој ни е достапен 24 часа на ден и од кого зависи дали ќе бидеме успешни или не, а потенцијалот што се појавува кога ќе го насочиме тој тренер да работи за нас е непроценлив.
Погледнете 5 совети за успешно само-мотивирање.
ДЕФИНИРАЈТЕ ЈАСНО ШТО САКАТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ И ЗОШТО?
Нека целта ви биде искрена и вредна на вашиот труд и настојувајте да ја сочувате во своите мисли. Размислете какво влијание ќе имате во вашата компанија ако сте на повисока позиција и што ќе значи тоа за вашите родители, партнери или деца.
Од друга страна, ако на пример, имате за цел подобра здравствена состојба за која предуслов е намалување на тежината, сигурно ќе бидете повеќе мотивирани ако се освестите, дека вашето здравје ќе биде многу покорисно за вашите деца и партнерот.
СЛЕДЕТЕ ГО ВАШЕТО ТЕМПО
Ако постојано се навраќаме да видиме каде се другите и дали се побрзи од нас, губиме многу енергија и фокус. Значи, ние не мораме да се споредуваме со другите, но важно е да гледаме напред во сопствениот напредок – Играјте подобро од самиот себе!
МОРАМ – ЗАМЕНЕТО ГО СО САКАМ
Зборот морам, во нашиот мозок создава автоматски отпор и впечаток дека некој друг нè тера да го направиме она што го правиме. Запомнете дека ништо не морате, вие тоа го сакате. Ако сакаме нешто, можеме да го направиме тоа. Желбата е изградена на позитивни емоции и ентузијазам, кои се гориво на мотивација.
ПРАТЕТЕ ГО И БИДЕТЕ ЗАДОВОЛНИ СО ТРУДОТ
На крајот од неделата, погледнете назад и видете што се сте направиле и заблагодарете се за тоа. Бидете задоволни од напорите што ги инвестирате, а потоа …
СЛАВЕТЕ ГИ МАЛИТЕ УСПЕСИ СЕКОЈ ДЕН
Ние честопати не ги славиме сопствените мали успеси бидејќи тие “се подразбираат”. Меѓутоа, за да останеме мотивирани, исклучително е важно да се наградуваме редовно за секоја успешна фаза на патот кон целта. Наградите се индивидуални и зависат од моментот, а најчесто тоа е паузата за Nescafé Cappuccino од ванила. Тие половина час се за мене, во кои се заблагодарувам за остварувањето, кое е бесценето.
“Луѓето честопати велат дека мотивацијата не трае долго. Всушност, ни туширањето не трае – затоа го препорачуваме секој ден” – Зиг Зиглар