Францускиот стил е првенствено наменет за жените со самодоверба, кои се свесни за своето тело, за сите предности и недостатоци.
Парискиот стил е едноставен, но елегантен, сестран и удобен, а Парижанките се пример за многу жени. Французинките не ги следат слепо трендовите. Тие ја сакаат класиката, минимализмот, а нивниот стил е комбинација на елеганција и едноставност. Модните комбинации им даваат чувство на слобода и се чувствуваат добро во секоја ситуација. Допирот на ношалантност и единствен стил обогатен со доза на луксуз, ја претставуваат класиката, која никогаш не е предвидлива и досадна. Во ормарот на секоја Парижанка, освен бела кошула, се наоѓаат црни панталони и фармерки, добро прилагоден блејзер, здолниште со миди должина и фустан од тантела.
Боите кои доминираат во францускиот стил се главно беж, бела, темно сина и црна. Тоа не значи дека Парижанките ги игнорираат силните бои или модерните пастелни нијанси. Овие бои исто така имаат свое место во нивните гардеробери, но најчесто во вид на модни додатоци – шалови, чанти или накит.
Погледнете неколку стајлинга во француски стил и ископирајте го вашиот омилен!