Иако изгледаат помалку откачено, како да доаѓаат од некој цртан филм, новата колекција на Прада чанти од сомот( Prada Velvet Cahier), се далеку од некои класични модни додатоци.
Оваа допадлива колекција е специјално дизајнирана за секој ваш моден изглед, да го крене на едно повисоко модно ниво.
Новата колекција на чанти е со потпис на славниот италијански бренд, кој се инспирирал од стилот Cahier. Торбите се изработени од посебен плиш Trompe l’oeil (излажи го окото) со цел да се создаде оптичка илузија и да изгледаат три-димензионални.
Чантите сигурно ќе биде голем хит, а се изработени во фантастични колоритни комбинации.