Anthony Vaccarello, креативниот директор на Yves Saint Laurent, очигледно сака возбудувања, штом одлучил да им понуди на своите клиенти незаборавно возење на овие чевли.
Ова експериментирање со потпетици отиде чекор понатаму. Од потпетици со култното лого YSL , па се до потпетици на тркала кои се именувани Anya 100 Patch Roller, (во чест на една од најголемите муза на Ентони, Ања Рубик).
Сем интересниот додаток на на петите и уникатните чевли, оваа колекција на чевли е со интересен дизајн. Сите модели се со шпиц и се направени од различни видови на кожа со украси кои варираат од заковки до кристали.
Тркалата на овие чевли се функционални. Едно се наоѓа под петата и две под стапалата.
Не знаеме за вас, но ние се уште не сме ја решиле загатката за тоа како би требало да се движиме во овие чевли и самата помисла на тоа ни предизвикува страв.
Едно нешто што го знаеме за модата, тоа е дека за модата не постојат екстремни граници. Ако си ги дозволите овие Saint Laurent чевли или да ги наречеме лизгање на пета, ќе треба да издвоите нешто помалку од 2000 евра.