Од сезона во сезона, постои еден принт кој секогаш е во мода – принтот со точки.
Како и секоја сезона, така и ова лето, точките се пожелни и тренд. Ограничување нема, подеднакво ги сакаме на сите парчиња, од фустаните до костимите за капење.
Посебно ни се драги оние на костимите за капење во овие жешки летни денови. Точките на капачките костими им даваат женственост и разиграност и секако, ќе бидете забележи на секоја плажа или базен.
Без разлика која боја ја преферирате, не дозволете летото да ви помине без ни една комбинација со точки.