Marmol Radziner скоро го реновираше станот во пространа мансарда со индустриски стил, кој се наоѓа во зграда од 1924 година, во уметничка област на Лос Анџелес …
Сопственикот на овој стан сакаше личен, машки простор, кој во исто време ќе биде едноставен и софистициран. Тој сакаше простор во кој ќе ги нагости како домаќин своите пријатели, а ние можеме да кажеме дека резултатот од реновирањето на овој простран дом е со пријатна сива и црна палета на бои.
Две “vintage” фотељи, софа, отоман и голем тросед се удобно закотвени во овој пријатен простор за живеење. Во трпезаријата има голема маса од костен дрво со црна челична база, заедно со црни кожни Cassina Cab столици.
Кујната е опремена со уникатни црни плакари кои помогнаа да се создаде дефиниција за нов отворен распоред на просторот. Еден ѕид во кујната, која се наоѓа зад мијалникот, декориран е со контрастни бели плочки.