Дизајнерот Харви Вајс создаде за себе бања од соништата.
Кога ќе ги видите овие фотографии, ќе сфатите дека и бањата наменета за еден маж, може да биде гламурозна и префинета.
Реновирајки го својот дом во Торонто, кој вклучуваше целосна трансформација, Харви сфати дека ова е идеална можност да создаде за себе бања каква сонувал. Резултатот е повеќе од добар, бидејќи тој успеа да создаде свој храм, пропорционален на големината и распоредот на шик машки детали и некои Арт Деко елементи кои одлично се вклопуваат во куќата од 1912 година, инспирирана од Арт Деко правецот.
Туш кабините се по практични од големите кади. Минијатурната верзија во форма на плетен модел на плочки на подот од кабината, одлично се вклопи со мермерните ѕидови.
Фантастично долгата комода во комбинација со тројно огледало, совршено се вклопи во целата средина. Големината на комодата овозможи вградување на два мијалника и доволно простор за складирање на потребни мали нешта.