Ние веќе пишувавме за супер здравата храна која не е најдобриот избор за првиот оброк, а денес ви претставуваме 10 намирници кои се најдобри за здрав почеток на денот.
1. Кашата од овес ја штити слузницата на желудникот и го спречува создавањето на киселини, исто така, таа е полна со влакна, кои помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта.
2. Хељда – ботанички спаѓа во категоријата на зелен лиснат зеленчук, а понекогаш се вбројува дури и кај овошјата. Ефикасно делува на системот за варење, богата е со протеини, железо и растителни влакна.
3. Палентата го чисти телото од токсини, ја нормализира цревната флора и заситува.
4. Две лажици на пченични клици, му овозможуваат на телото 15 отсто од препорачаната дневна количина на витамин Е, околу 10% од потребните фолна киселина и е одличен избор за забрзување на метаболизмот.
5. Јајцата се полни со протеини кои заситуваат, така што значително ќе се намали вашиот внес на калории во текот на денот.
6. Лубеницата е богата со ликопен и е совршениа за да го започнете денот.
7. Боровиницата е добра за меморијата, регулирање на крвниот притисок и метаболизмот, а најдобро делува доколку ја јадете на празен стомак.
8. Леб со цели зрна е богат со јаглени хидрати, кои се неопходни за нашето тело, во раните утрински часови.
9. Јаткастите плодови, освен што ќе ве заситат, тие ја помагаат пробавата и ја нормализираат pH вредноста во желудникот.
10. Медот е супер здрава храна која ќе ви ја даде потребната енергија за почеток на денот, ги забрзува мозочните активности и го стимулира производството на серотонин, хормон кој го подига расположението.