Мартин Бруно направи уникатен серијал во кој преку едноставни и ефикасни форми му дава живот на универзумот. Боите се светли и привлечни, нивната природа е всушност покана за патување во дестинации кои го менуваат човекот на подобро. Бруно додава нежна нијанса на елеганција на фотографиите која и тоа како придонесува за луксузниот сјај. Фотографии кои се противат на клишето и кои ослободуваат нови хоризонти, со цел да Ве предизвикаат да ја пронајдете својата храброст.