Најпозната по својата соработка со брендот Alessi, архитектот и дизајнер Marta Sansoni исто така, дизајнира осветлување за студиото Italia Design….
Парчињата за осветлување кои таа ги дизајнира се продаваат низ светот под покровителство на JB Lighting Collection. Едно од тие, кое таа го креиеаше за Maggio, е ласерски сечениот лустер со отворен и разгранет модел, кој е осмислен како будење на пролетта. Оваа структура потсетува на гранки кои се испреплетени едни со други, и се преклопуваат за да создадат овална форма.
Самата структура на светилката е создадена од ласерски сечен метал и е достапна во две варијанти, медено бронзена и мат бела, а двете верзии се спарени со мат бел дифузер, направен од поликарбонат, заради што идеално се вклопуваат во било која средина и создаваат магичен амбиент.