Овен
Работа – Сите деловни планови, ви одат од рака оваа недела, како што беше потврдено од страна на балансот на вашата банкарска сметка. Ова е време, да ги искористите предностите на овие поволни околности.
Љубов – На емоционалното поле не ви цветаат рози, но вие не сакате да и се препуштите на депресијата.
Здравје – Можна несоница.
БИК
Работа – Се чини дека вашиот претпоставен нема разбирање за вашата моменталната ситуација. Очекувајте просперитет, но оваа недела како ништо да ви оди од рака.
Љубов – Вашиот партнер и понатаму е тука за вас и е вашата најголема поддршка за било што да се случува.
Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Топлото време влијае на вашата продуктивност. Не двоумете се да побарате помош од колегите понекогаш, бидејќи никој не е роден совршен. Вашето време доаѓа.
Љубов – Вашата љубовна врска веќе не е филм, сега е шпанска серија во која веќе не се знае кој што глуми. Најмногу би сакале да се избегате од се, некаде далеку.
Здравје – Добро се чувствувате.
РАК
Работа – Можеби сепак би требало нешто да промените, затоа што немате повеќе никаква мотивација за работата што во моментов ја работите, без никаква желба.
Љубов – Заљубени сте и среќни и умеете да уживате во тоа. Има ли нешто поубаво од тоа?
Здравје – Спортувајте.
ЛАВ
Работа – Одморот заврши, а сега е време да ги завршите обврските на работа. Не можете да се вратите во полна брзина во која бевте некогаш, без оглед колку се трудите и мачите.
Љубов – Авантури и забави, бидејќи вам не ви треба врска. Се фокусирате на други работи во животот. Љубов не очекувате ни малку, а можеби таа сепак и ќе се случи.
Здравје – Движете се повеќе.
ДЕВИЦА
Работа – Оваа недела ќе имате малку повеќе проблеми на работа, отколку што очекувавте. Гледајте од од оваа ситуација да излезете како победник и извлечете некоја поука.
Љубов – Премногу сте арогантни за да се јавите на лицето што ви се допаѓа, а сепак, вие би требало да го направите првиот чекор. Каков плен, таков sвер. Докажете се.
Здравје – Здравјето ви е добро.
ВАГА
Работа – Еден колега ви помага во сè, но вие секогаш мора да бидете внимателни.. Опуштете се, бидејќи нема лоши намери. Вие не сте навикнати на помош, но сепак ви е пријатно..
Љубов
Сè само си дојде на свое место, како што треба, затоа сега имате можност да уживате во таква емотивна врска. Љубовта ви цвета овие денови.
Здравје- Консумирајте повеќе течности.
ШКОРПИЈА
Работа – Бизнис плановите се одвиваат добро и имате ветер во грбот да тргнете во понатамошни инвестиции. Бидете внимателни и информирани, но не плашете се да ризикувате. Кој не ризикува тој не добива.
Љубов – Авантурата со едно лице не заврши добро, што ви дава простор да размислите за она што всушност сакате.
Здравје – Можна нервоза и стрес.
СТРЕЛЕЦ
Работа – За секоја напорна работа следи награда, па така ќе биде и овој пат. Сте работеле напорно, а наградените ќе знаат тоа да го ценат. Само така продолжете.
Љубов – Во љубовна врска не ви оди најдобро, бидејќи прсти замеша трето лице кое сака да го уништи се она што сте го граделе долго време.
Здравје – Намалете ги оброците.
ЈАРЕЦ
Работа – Повеќе не знаете со што попрво да се зафатите, бидејќи работата се акумулира, а обврските ги запоставивте. Бавно и стабилно, брзањето и паника нема да реши ништо.
Љубов – Во љубовта со партнерот уживајте и во оваа недела. Како да сте на меден месец. Не поставувајте непотребни прашања.
Здравје – Добро се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
Работа – Ја знаете вашата работа и нема да дозволите помладите колеги да ве учат што треба да работите. Но, овој пат грешите, бидејќи и од младите можете да научите многу. Гледајте на тоа позитивно.
Љубов – Повторно се заљубувате во вашиот партнер, по долго време.
Здравје – Здравјето ви е добро.
РИБИ
Работа – Недостаток на одмор влијае на вас, затоа оставете другите да ја завршат работата, а вие посветете се само на себе. Ништо нема да направите ако само вие се грижите за другите и ако постојано се депресивни.
Љубов
Ништо нема да се случи преку ноќ и вие тоа добро да го знаете. Вие само треба да бидете повеќе трпеливи. Дадете и на другата личност малку време.
Здравје – Повеќе вежбајте.