Дел од италијанскиот шарм се културните и уметнички богатства, како и историските локалитети кои не се концентрирани само во големите градови, туку се фрагментирани на целата национална територија. Така добивате впечаток дека во Италија се наоѓате во голем музеј под отворено небо.
Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите или во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција.
Нашата желба е да ве запознаеме со малите скриени скапоцени камења на Италија и совршенството на нивното културно наследство.
Aleberobelo е градче кое се наоѓа во регионот Пуља во јужна Италија. Ова е една толку сликовита и живописна дестинација, која е важна туристичка дестинација на сите карти на светот. Овој мал град е под заштита на УНЕСКО од 1996 година поради несекојдневните Trulo куќи, направени од варовник со конусни покриви.
Приказната за Alberobello, градот на Trulо куќи, е типично италијанска: дизајнот на куќите е смислен за измама на власта, која на жителите им наметнувала даноци. Локалниот феудален гроф Acquaviva ги преселил своите селани-работници тука, за да ја исчистат шумата и ја култивираат во обработливо земјиште. Грофот имал идеја да создаде феудално село кое би можело брзо да се сруши и обнови, со цел да се избегне плаќањето на даноците. Значи, било важно Alberobello да не изгледа како типично село. Во 1797 година, кога Alberobello конечно добило статус на град, луѓето морале да живеат во Труло куќите, кои би можеле, доколку е потребно, лесно да се срушат а подоцна повторно да се изградат.
Денес Alberobello има вкупно 11 илјади жители, а градот е поделен на дел каде што може да се најдат продавници за сувенири, музеи, мали продавници и ресторани, додека другиот дел од градот е резиденцијален.
Белите куќички, обрабени се со винова лоза и цвеќиња, а на улиците се шири арома на свежо печен focaccia леб, што остава неизбришлива трага во меморијата.