Актерката Сиена Милер е една од омилените трендсетерки кои ја обожуваат многубројни светски дизајнери, а таа што и да облече, изгледа неверојатно кул и шик.
Леснотијата со која ја избира облеката и сите модни комбинации, зрачат со нејзиниот уникатен стил и ја класифицираат на листата за најдобро облечени жени на денешницата. Таа нависина секогаш добро изгледа без разлика дали носи хеланки, патики и обична мајца или гламурозен фустан на познат дизајнер.
Неодамна, во текот на една ноќ, Сиена носеше фустан, модел на Chloé, со длабоко V деколте и асиметричен крој и од тогаш во модните кругови не претсанаа да зборуват за тоа, колку актерката изгледаше фантастично во оваа модна комбинација.
Chloé – летен, црн фустан со метални детали од колекцијата за 2014 година, со прилично автентичен украси! Станува збор за златни ланци кои се испреплетени од градите преку колковите и рацете. Одлична комбинација на црна ткаенина, метал и расцепи со различни должини.