Maggie West го докажа своето мајсторство во фотографијата со експериментирање низ играта на светлината. Овој серијал наречен Flora ги експресира речиси незабележливи контури на цветовите во флуросцентна боја. Фотографиите даваат димензија на надреалност, живост и психоделична мистерија. Повеќе за работата на Меги можете да видите на нејзиниот профил на Instagram, а ние сметаме дека овие фотографии и тоа како би ги краселе ѕидовите на некое убаво, модерено гнездо за живеење.